
Делегатите на Одделението за градежништво при Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), Панче Грков и Висер Палоши, учествуваа на 82. Генерално собрание на European Council of Civil Engineers (ECCE), кое се одржа 18 – 20 јуни во Брага, Португалија.
На Генералното собрание присуствуваа претставници на инженерските организации од повеќе европски држави, при што беа разгледани актуелни теми поврзани со прифатливо домување, изградба на домови, етички принципи во професијата, усогласување и ревизија на основни организациони документи.
Read more: КОАИ на 82. Генерално собрание на ECCE во Брага, Португалија
Комората на овластени архитекти и овластени инженери продолжува да го зацврстува своето место како релевантна и влијателна професионална институција во регионот. Присуството на КОАИ во едно од најреномираните регионални стручни списанија од областа на инфраструктурата и инженерството претставува уште една потврда за растечкиот углед на Комората и за препознавањето на нејзината улога во развојот на инженерската професија.
Оваа регионална промоција е резултат на активното учество на КОАИ во меѓународни иницијативи, континуираното унапредување на професионалните стандарди и посветеноста кон современи инженерски практики, дигитализација, стручна едукација и меѓукоморска соработка.
Read more: КОАИ - препознатлив регионален партнер во инженерската заедница

Во периодот од 28 јуни до 2 јули 2026 година, делегација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) учествуваше на Светскиот конгрес на архитекти UIA 2026 во Барселона, Шпанија – најзначајниот светски собир на архитекти, организиран од International Union of Architects (UIA).
Годинешната тема на конгресот „Becoming – Architectures for a Planet in Transition“ ги обедини водечките светски архитекти, урбанисти, научници и професионалци во дискусии за иднината на архитектурата, одржливоста, урбаните трансформации и улогата на професијата во создавање поквалитетна животна средина.
Read more: КОАИ на Светскиот конгрес на архитекти UIA 2026 во Барселона
Остануваат помалку од 3 недели!
SHARE Architecture Awards 2026 - пријавување БЕЗ ПАРТИЦИПАЦИЈА до 31ви Јули.
Фестивалот обединува 21 држава, со интернационално жири, процес на жирирање со јавни презентации и Гала церемонија во Лонодон на 3-4ти Декамври, 2026.
Пријавувањето е без партиципација за сите категории, до 31ви Јули.
Пријавете ги вашите проекти на следниот линк Пријава